Арина Сабаленка од денеска се наоѓа на врвот на ВТА-листата, откако белоруската тенисерка конечно успеа да ја симне од врвот Ига Швијонтек, која 11 месеци беше неприкосновена на ова рангирање. Сабаленка, која годинава стигна до трофеите на Австралија Опен и на УС Опен, по вторпат во кариерата се искачува на првото мето, откако мина осум седмици на врвот во периодот од септември до ноември 2023 година.
Ниту Сабаленка ниту Швијонтек не играа изминатата седмица, но Белорусинката се искачи на врвот откако довчерашната прва носителка беше казнета со одземање на бодови поради неисполнување на задолжителната квота од шест ВТА 500 турнири во една календарска година.
Швијонтек настапи на само два вакви турнира од стартот на годинава, нема играно уште од завршницата на УС Опен, а неодамна објави дека нема да учествува на турнејата низ Азија поради премореност.
Швијонтек пред неколку месеци имаше над 4.000 поени предност во однос на ривалките, но Сабаленка игра импресивно во вториот дел од годинава, успевајќи да ја надмине ривалката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА