Килијан Мбапе постигна еврогол за Реал Мадрид на гостувањето против Селта, големото засилување реализираше осум погодоци на првите 12 средби за „кралевите“, но тренерот Карло Анчелоти не крие дека очекува уште подобри изданија од извонредниот голгетер.
Според него, од францускиот репрезентативец не треба да се очекува да биде поактивно вклучен во фазата на одбрана, туку да го прави она што најдобро го знае – да дава голови.
„Сакам Мбапе да дава голови, тоа е она што се очекува од него. Воопшто не ме интересира дали ќе игра пресинг кога топката е кај противникот, тој знае што е неговата работа, добро да се позиционира за кога и да ја освоиме топката да биде опасен по противничкиот гол. Јас од него го барам истото како и од Бензема, да даде што повеќе погодоци, не се сомневам дека ќе се подобрува се повеќе и повеќе како што ќе минува времето и тој целосно ќе се адаптира во нашиот тим“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА