Само два месеца беа доволни за Франциско Консеисао да ги убеди челниците на Јувентус во своите квалитети, па раководството на „старата дама“ веќе донело одлука што поскоро да го откупи договорот што португалскиот репрезентативец го има со Порто.
Јуве плати седум милиони евра за едногодишна позајмица на крилниот офанзивец, а во договорот со Порто немаше клаузула за автоматски откуп. Сепак, италијанските медиуми информираат дека постои начелен договор меѓу двата клуба, италијанскиот гигант да доплати 35 милиони евра доколку сака да го задржи овој фудбалер во своите редови.
Новата управа на Порто нема намера да го задржи Консеисао откако веднаш по доаѓањето го разреши неговиот татко Серџо од тренерската функција. Затоа, двете страни настојуваат преговорите да се забрзаат, па веќе на почетокот од 2025 година да биде официјализиран перманентниот трансфер на крилниот офанзивец за Консеисао уште долго да го продолжи да го носи дресот на „црно-белите“ од Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА