Вечерва започнува третото коло во фудбалската Лига на шампиони во кое Динамо Загреб ќе се обиде да ја оствари првата победа во новиот формат на натпреварувањето.
Српскиот шампион Црвена Звезда ќе се обиде да стигне до првите бодови на гостинскиот меч против Монако, а тренерот на „кнезовите“ Адолф Хутер изјави дека смета дека српскиот шампион е посилен од Динамо Загреб, иако францускиот тим успеа да освои бод дури во продолженијата.
„Тешко е да се спореди овој тим со Динамо, на пример. Мислам дека се поквалитетни. Имаат интересни играчи како Силас, кој неколку сезони играше за Штутгарт или младиот Максимовиќ, производ на нивната школа кој веќе игра на високо ниво. Тие одиграа многу добро прво полувреме против Интер, како и против Бенфика. Тие заслужија да победат во тој натпревар и затоа ќе мора да бидеме внимателни. Тие се добар тим и доаѓаат со амбиција да победат за да останат во трката за пласман понатаму. Мора да играме на високо ниво во Лигата на шампионите, ни претстои тежок натпревар, но целта е победа која многу би ни значела“, изјави Хутер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА