Лоши вести за Звезда: Повредата на Боломбој е сериозна

Црвена Звезда не дозволи да го претрпи и третиот пораз сезонава во АБА-лигата откако славеше на дербито во Подгорица против Будуќност со резултат 73-75.

Во третата четвртина, тешка повреда на коленото заработи гостинскиот центар Џоел Боломбој. По мечот тренерот на „црвено-белите“ Јоанис Сферопулос изјави дека ситуацијата со Боломбој е навистина тешка.

„Не сум среќен во овој момент бидејќи го загубивме Боломбој. Ги чекаме деталните прегледи кои ќе ги направиме  во Белград, но во овој момент се чини дека повредата е сериозна“, изјави Сферопулос.

Се вчитува...