Валенсија пак „киксна“, тренерот на Столе Димитриевски е пред отказ

Рубен Бараха е пред отказ во Валенсија откако „лилјаците“ повторно ги разочараа своите фанови губејќи на домашен терен од Лас Палмас со 1-3. Столе Димитриевски го проследи и овој меч од клупата, Мамардашвили стартуваше на голманската позиција, но грузискиот голман беше принуден три пати да ја вади топката од мрежата.

Мечот почна одлично за Валенсија откако Пепелу во 14. минута од пенал ги доведе домаќините во водство. Лас Палмас успеа да израмни пред крајот на полувремето преку Муњоз, а потоа Фабио Силва на почетокот од вториот дел донесе предност за гостинскиот тим. Фрустрациите кај домаќините растеа и кулминираа со црвениот картон на стрелецот Пепелу, по што Лас Палмас ја искористи предноста од играч повеќе и преку Молеиро поведе со 1-3.

Валенсија до крајот само го ублажи поразот со погодокот што во судиското продолжение го постигна Тарега, недоволно за да се избегне шестиот пораз во десеттиот овосезонски натпревар. Валенсија и Лас Палмас сега се израмнети на дното на табелата со по шест бода, па повеќе од јасно е зошто навивачите бараат тренерска смена и заминување на Бараха од кормилото на овој тим.

Се вчитува...