Легендарниот Диего Форлан почнува нова кариера

Поранешниот уругвајски напаѓач Диего Форлан ќе се проба во тенисот, тврдат медиумите од неговата татковина. Иконата на Атлетико Мадрид ќе се натпреварува во двојки на „Челинџер“ во родното Монтевидео, а партнер на 45-годишникот ќе биде Аргентинецот Федерико Корија, кој во февруари минатата година стигна до 49. место на АТП листата.

Освен за „јорганџиите“ чии бои ги бранеше четири сезони, Форлан играше во Европа за Манчестер Јунајтед, Виљареал и Интер. Веројатно уште повеќе се истакна во дресот на националниот тим кој го носеше на 112 натпревари и постигна 36 гола.

Форлан учествуваше на Светското првенство во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, а на она во Јужна Африка во 2010 година беше најдобар стрелец на турнирот со пет гола, од кои еден беше прогласен за најубав на натпреварувањето, а ја доби и наградата за најдобар играч на Светското првенство на кое Уругвај го освои четвртото место.

Се вчитува...