Хаос во Валенсија: Навивачите гневни на катастрофалниот старт на сезоната

Околу 2 илјади навивачи на Валенсија синоќа се погрижиле за мал хаос пред стадионот по тешкиот и болен пораз кој го претрпе нивниот омилен тим, па револтот одлучиле да го прикажат такашто го блокирале излезот од каде играчите и директорите треба да го напуштат стадионот.

Лутите фанови на Валенсија одново го искажале огромното незадоволство за начинот на кој клубот е раководен од Лим, но полека бараат одговори и од играчите кои не нудат изданија какви што заслужува еден великан од Шпанија.

По вчерашниот драматичен пораз од Лас Палмас со резултат 2-3, Валенсија е нов „фенерџија“ во Ла Лига со само шест освоени бода по десет одиграни кола, што наведува дека ситуацијата може да станува уште подраматична ако не се променат нештата.

Се вчитува...