Роналдо се уште е најплатен фудбалер во светот

Кристијано Роналдо повторно се најде на врвот на листата на „Форбс“ за најплатени фудбалери во 2024 година, односно оние кои најмногу заработиле од своите клупски договори и маркетинг активности.

Годинава Роналдо на теренот во Ал Наср заработи 220 милиони долари, додека надвор од теренот заработи уште 65 милиони, со што го задржа првото место со 285 милиони долари.

По него е неговиот долгогодишен ривал Лео Меси, кој заработува 60 милиони годишно во Интер Мајами, а заработува уште 70 милиони од активности надвор од теренот. Со вкупно 135 милиони долари годишно, Аргентинецот заработува двојно помалку од Португалецот.

На третото место е Нејмар, кој исто како и Роналдо е дел од првенството на Саудиска Арабија. Иако дури вчера се врати на фудбалот по пауза, Бразилецот има договор со Ал Хилал вреден 80 милиони долари годишно, со други приходи од 30 милиони долари. Во топ 10 уште се и: Карим Бензема 104 милиони, Килијан Мбапе 90 милиони, Ерлинг Халанд 60 милиони, Винициус Жуниор 55 милиони, Мохамед Салах 53 милиони, Садио Мане 52 милиони и Кевин де Брујне 39 милиони долари.

Се вчитува...