Немаат пораз и примен гол цела сезона, но не освоија титула

Неверојатна ситуација се случи во четвртиот ранг на женскиот фудбал во Шведска. Фудбалерките на Анџелхолмс ја завршија сезоната без пораз и без ниту еден примен гол, со 78 постигнати голови на 18 натпревари.

Сепак, и покрај овој настап, тие не беа први на табелата! Имено, играчите на Енџелхолмс победија на 15 од 18 натпревари, но поради три нерешени, шампионската титула во северозападната натпреварувачка дивизија Скане и припадна на екипата на Љунгбихедс.

Првопласираната екипа претрпе еден пораз, но имаше 16 победи, па сезоната ја заврши со бод повеќе.

Се вчитува...