Рафаел Надал одлучи да стави крај на својата блескава кариера. Шпанскиот тенисер допрва треба да одигра меч на завршниот турнир во Дејвис купот во Малага во ноември, а во големото интервју за „Ас“ уште еднаш одговори на прашањето кој му бил најголемиот ривал.
Бројките покажуваат дека убедливо најголем број натпревари имал со Новак Ѓоковиќ, службени 60, а Србинот има скор 31-29, но Шпанецот тврди дека, според него, поголемо ривалство било со Федерер.
„Ѓоковиќ е играчот со кој играв најмногу, но за мене најголем ривал ми беше Федерер. Затоа што кога се појавив, Федерер беше таму и тој беше прв. Во годините кога бев најдобар во секоја смисла на зборот, ги имав Роџер и Новак, но во тие први години, тие што оставаат посебен белег на тебе, не знам зошто моето ривалство со нив двајца беше поинтензивно од она меѓу нив. Мислам дека тоа чувство е присутно низ целиот свет кој успеа да го задржи највисокото ниво на игра и да се подобрува секоја година. Бројките велат дека е најдобар, неговото ниво на тенис исто така беше најдобро“, изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА