Халанд откри кој е според него најдобар напаѓач на сите времиња во Манчестер сити

Ерлинг Халанд е во редовите на Манчестер сити од 2022 година, а на 109 натпревари постигна неверојатни 101 гол и 14 асистенции. 24-годишниот Норвежанец со клубот стигна до тројната круна веќе во својата прва сезона, а оттогаш собори неколку клупски и лигашки рекорди. На 48 натпревари стигна до 50 гола, а никој освен него не успеа да постигне дури 52 гола во една сезона.

Во интервју за англиските медиуми тој откри кој е според него најдобриот напаѓач што клубот некогаш го имал…

„Најдобар напаѓач во историјата на Манчестер Сити е Серхио Кун Агуеро и тука нема дилема. Не сакам да зборувам за себе дека сум најдобар, бидејќи тоа не е вистина“, изјави Халанд. 

Се вчитува...