По поразите во првите две кола од Евролигата, Партизан успеа да ја надмине кризата и да влезе во победничка низа со два триумфа против Баерн Минхен и Макаби Тел Авив. Сега „црно-белите“ ги очекува средба против Виртус Болоња, натпревар на кој навивачите ги очекуваат и деби настапите на американските кошаркари Дуан Вашингтон и Ајзеа Мајк во најелитниот европски кошаркарски шампионат.
Вашингтон се уште нема одиграно натпревар во Евролигата поради трансферот во кој беше вклучен во НБА, додека Мајк го пропушти стартот на сезоната поради повреда, но се врати на терените и настапи на средбата против Задар во АБА. Обрадовиќ беше запрашан за овие два кошаркари пред дуелот против италијанскиот тим, а даде одговор со кој не откри дали овие два „џокера“ ќе бидат дел од составот во среда.
„Ќе го одлучам тимот пред почетокот на натпреварот како и секогаш. И на Вашингтон и на Мајк им треба повеќе тренинг, но работат напорно и мотивирани се. Има уште многу од сезоната“, изјави трофејниот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА