Терзиќ е опција за уште еден клуб од Англија

Веќе неколку недели се шпекулира дека доскорашниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ би можел да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед. Меѓутоа со победата над Брентфорд изминатиот викенд, Ерик тен Хаг си „купи“ уште малку време.

Но, во меѓувреме Терзиќ сега се поврзува со друг клуб од Англија. Станува збор за Вест Хем, кој би можел да го смени Хулиен Лопетеги, по слабите партии на почетокот на сезоната. Ако се реши за тренерска смена, тогаш Терзиќ е најсериозен кандидат.

Терзиќ го сврте вниманието кон себе минатата сезона кога со Борусија Дортмунд стигна до финалето во Лигата на шампионите, а пред две сезони беше на чекор до титула со „милионерите“.

Се вчитува...