Удар за Алкалоид и за репрезентацијата: Тешка повреда на Никола Костески

Алкалоид одигра одлично прво полувреме на дербито со Е. Пелистер, но вториот дел донесе огромна главоболка за тренерот Кире Лазаров, по тешката повреда што ја заработи Никола Костески.

Одличното десно крило е меѓу најдобрите поединци кај Алкалоид по камбекот во мак-ракометот, па сите во салата „АВтокоманда“ замолкнаа кога Костески остана да лежи без контакт со противнички ракометар.

Тој по првата укажана лекарска помош на носилки беше изнесен од теренот, лекарските прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата од терените, но првите прогнози дефинитивно не се позитивни.

Ова е голем удар за Алкалоид, но и за македонската репрезентација каде Костески е прва опција на својата позиција по повлекувањето на Гоце Георгиевски. За потсетување, Македонија во ноември ја очекува почетокот ан квалификациите за ЕВРО 2026 против Естонија и Литванија, а нашите најдбри ракометари во јануари 2025 ќе бидат дел од ракометниот Мундијал во Вараждин, Хрватска.

Се вчитува...