Нов убедлив пораз на Црвена Звезда а гостувањата во Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ загубија од Монако на гостувањето на „Луј Втори“ во кнежеството убедливо со 5-1. Иако на моменти беше и подобар противник, сепак, на крајот тимот од Србија мораше да прифати пораз.
Минамино во 20. минута донесе предност за Монако, а Ндијае веднаш израмни со удар од белата точка. Црвена Звезда бараше пенал за пресврт, но не го доби по спорниот момент во казнениот простор.
Во миговите кога требаше да се оди со „реми“ на полувреме, едно невнимание во одбраната на Звезда, и Емболо носи предност.
Во вториот дел белградските „црвено-бели“ целосно беа разбиени. Како да ги раздрма тој втор гол, па Синго во 54. минута донесе и 3-1. Следуваше целосно демолирање на гостите, најпрво Минамино во 70. минута за 4-1, а потоа Аклиуче во финишот се погрижи за комплетирање на дебаклот на српскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА