После поразот од Беласица, екипата на Вардарски од Богданци остана без тренер. Доскорашниот Васе Беќаров си поднесе оставка после тој неуспех, а тоа значеше дека екипата ќе има нов тренер.
На местото шеф на стручен штаб е поставен искусниот Ѓоре Јовановски. Јовановски во минатото работеше во многу прволигашки клубови, беше кратко и селектор на националниот тим.
Последен ангажман на Јовановски во македонскиот шампионат, му беше во 2022 година кога го водеше тимот на Кожуф. Претходно беше дел од Беласица, Работнички, Брегалница, Шкендија, ЦСКА Софија, Металург, Милано, Самсунспор, Слога Југомагнат и Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА