Екипата на Атлетико Минеиро го совлада тимот на Ривер Плејт со 3:0 во првиот полуфинален натпревар на најсилниот меѓународен клупски турнир во Јужна Америка – Копа Либертадорес .
Головите за победа на Бразилците ги постигнаа Деверсон (22′, 70′) и Паулињо (74′).
Тешкиот пораз на аргентинскиот великан го оддалечи од големиот сон да игра во финалето на турнирот, што ќе биде токму на неговиот стадион – „Ел Монументал“ во Буенос Аирес.
Сепак, Ривер ќе има шанса, колку и да е неверојатна, да направи пресврт на пресметката со Атлетико во реваншот, кој се игра на 30 октомври. Бразилците дури може да жалат што не успеја да слават и поубедливо, а им беше поништен и гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА