Почна НБА: Бостон покажа сила, Дејвис ги однесе Лејкерс до победа

Ноќеска почна сезоната во најсилната кошаркарска лига на светот НБА. Бостон Селтик и ЛА Лејкерс отворија со победи.

Во првиот натпревар од НБА оваа сезона, актуелниот шампион Бостон Селтикс славеше победа против Њујорк Никс.

Конечниот резултат на натпреварот во ТД Гарден беше 132:109 (43:24, 31:31, 39:32, 19:22). Веќе во првата четвртина беше јасно дека оваа средба ќе биде еднонасочна улица од која Никс никогаш нема да се вратат.

Тејтум имаше маестрална партија со 37 поени.

Нешто подоцна првата победа ја прославија и Лос Анџелес Лејкерс. Лејкерси беа подобри од Минесота Тимбервулфс.

Конечниот резултат на натпреварот гласеше 110:103 (22:23, 33:19, 27:32, 28:29).

Целата своја предност Лејкерси ја создадоа вечерва во втората четвртина, додека Волвс се обидуваа да се вратат во мечот по паузата, но Лејкерс успешно ги одби сите нивни напади.

Ентони Дејвис со 36 поени беше најсзаслужен за победата.

Се вчитува...