Левиот бек на Интер, Федерико Димарко, во интервју за „Passa dal BSMT“, зборуваше за минатото во својата фудбалска кариера.
За почеток тој се врати на периодот кога настапуваше за швајцарски Сион, кога кажа дека за казна моралч да оди и во војска.
„Таму размислував да се откажам од фудбалот. Во јануари бевме на последното месот, и претседателот рече дека за казна мораме да одработиме една недела воена служба со француските воени сили. Трениравме на нива, се будевме во 6 наутро, моравме да одиме 5-6 километри, јадевме храна од конзерва. Пукавме со лажни пиштоли“, рече Димарко.
Потоа откри дека му се случила семејна трагедија.
„Со мојата девојка го загубивме синот. Тоа беше една од работите која ме поттикнаа да растам“, рече Димарко, кому пресврт му се случил кога отишол во Верона.
„Тренерот ми даде шанса да ги искажат моите квалитети. Директорот на Верона го одржа зборот, за разлика од други. На Јуриќ секогаш гледам со љубов. Отидов во Верона по мој избор, а луѓето ме прашуваа зошто сум го сторил тоа. Бев убеден дека правам вистинска работа. Со текот на времето се покажа дека сум во право. Многу убаво си поминав во Верона, тој град ми даде многу“, изјави Димарко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА