Тиаго Мота после поразот од Штутгарт: Одговорноста е на целиот тим, и тука приказната завршува

Јувентус приреди разочарувачка вечер за своите навивачи во третото коло од Лигата на шампионите. Тие беа поразени во Торино со минимални 1:0 од германски Штутгарт.

Покрај поразот од навивачите на торинскиот клуб, и тоа што Јувентус изгледаше лошо, Штутгарт доминираше на теренот. По натпреварот се одржа прес-конференција, а тренерот на Јувентус, Тиаго Мота даваше многу чудни изјави за медиумите. 

„На овој натпревар страдавме од темпото и нивната игра. Се мачевме да наметнеме наше темпо. Сметам дека најпрво треба да го анализираме италијанскиот фудбал и да го споредиме со европскиот, во однос на поседот и темпото на игра“, рече Мота и додаде:

„Мораме да бидеме подобри во нападот. Мораме да видиме дали можеме да имаме контрола на вакви натпревари. Ќе треба да се подобриме многу, особено во нападот. Се што видовте е дел од тимот, и затоа одговорноста е на тимот. И тука завршува приказната“, изјави Мота.

Се вчитува...