Нема шега кај Гатузо: Казни играч поради тоа што беше лут кога го замени

Фудбалерот на Хајдук Леон Дајаку е казнет внатрешно поради неговата лута реакција по напуштањето на играта во последното коло од првенството на Хрватска. Тренерот на сплитскиот клуб Џенаро Гатузо, наредил Дајак да плати вечера за целиот тим за да се извини за грешката. 

Откако ја напушти играта на мечот против Славен Белупо во 57. минута, при водство од 0:2, Дајаку (23) луто зеде шише со вода и го фрли на клупата за резерви. Го фатија и телевизиските камери. Германскиот напаѓач со косовско потекло мораше да разговара со тренерот на Хајдук.

Гатузи објасни дека не бил лут на него, туку на себе и на некои негови грешки и пропусти на натпреварот. 

Се вчитува...