После добра, стигна и лоша вест за Реал Мадрид пред „Ел Класико“

Реал Мадрид беше во многу лоша состојба на натпреварот со Борусија Дортмунд по првите 45 минути. Губеше со 2-0, меѓутоа во вториот дел успеа да даде пет гола, и на крајот да слави убедлива победа.

Меѓутоа после добрата вест за пресвртот, стигна и лоша вест. Крилниот напаѓач Родриго е под знак прашалник за натпреварот со Барселона во сабота.

Родриго пријавил проблем после вчерашниот меч со „милионерите“ и беше заменет принудно во 85. минута од средбата. Прашање е дали Бразилецот навреме ќе се рехабилитира за мечот во „Ел Класико“.

Нo, на голот на Реал во Ел Класико нема да биде и првиот голман Тибо Куртоа кој доживеал повреда на адукторот на левата нога и ќе мора да паузира извесен период. Куртоа не бранеше за Реал и минатата сезона, поради две тешки повреди, па мадридскиот тим на трите меча ја совлада Барселона, два пати во Ла Лига и еднаш во Суперкупот.

Се вчитува...