Масакар во Јамајка: Пет лица убиени на фудбалски меч

Вистински масакар за време на пријателски фудбалски натпревар во Јамајка. Најмалку пет лица загинале, а седум се ранети при пукотници за време на фудбалски меч.

Вооружени напаѓачи од трибините почнале да пукаат кон останатите навивачи на трибините, при што убиле пет лица и повредиле уште многу други фанови. Се претпоставува дека се работи за пресметка меѓу две криминални банди кои се нашле на трибините на стадионот.

„Седум лица се повредени и пет се убиени за време на инцидентот“ – информираа од полицијата од Јамајка.

Полицијата по инцидентот воведе полициски час во областа во која се случи инцидентот.

Се вчитува...