Уапсен поранешен чилеански репрезентативец поради сексуален напад

Поранешниот чилеански репрезентативец Хорхе Валдивија е уапсен под сомнение за сексуален напад. Во понеделникот наутро жена пријавила насилство. Претходната ноќ наводно ја минала во друштво со Валдивија.
Во вторникот екс фудбалерот беше приведен. Тој изјавил дека имал однос со жената, но притоа не се однесувал насилно.
„Не го знам мотивот, но категорично демантирам дека сум извршил насилни дејствија кон некого“, рече Валдивија.
Хорхе одигра 79 натпревар за чилеанската селекција.

Се вчитува...