„Вртелешка“ во Е. Пелистер: Сега Шундовски пак ќе го води тимот!

Македонскиот шампион Е. Пелистер ја прифати оставката на досегашниот тренер Бранко Ангеловски која дојде по поразот од Алкалоид.

За нов привремен предводник на тимот го именуваше стариот тренер Звонко Шундовски кој го водеше клубот токму пред именувањето на Ангеловски.

„РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година. Му посакуваме среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици. Клубот наскоро ќе го именува новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски“ – информираат од Е. Пелистер.

Се вчитува...