МЗТ Скопје за враќање на победите, Работнички по прв триумф во АБА-2 лигата

Двата најтрофејни македонски кошаркарски клуба, МЗТ Скопје и Работнички, вечерва пред своите навивачи повторно се враќаат на натпреварите од Јадранската АБА-2 лига.

Актуелниот шампион, МЗТ Скопје, од 20 часот во „Јане Сандански“ го пречекува Хелиос Домжале воден од фаворитската улога, и покрај тоа што Словенците имаат две победи на два натпревари во досегашниот дел од сезоната во регионалната второлигашка конкуренција.

МЗТ Скопје е желен за победа, како би се продолжил патот кон целта за поминување на групната фаза од натпреварувањето.

„Играме против исклучително квалитетна екипа, за што доказ се нивните стартни две победи. Се подготвувавме максимално и ако одиграме на очекуваното ниво тогаш ќе бидеме многу блиску до целта. Играме на домашен терен, каде верувам ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи, кои ги повикувам да дојдат во што е можно поголем број. Сигурен сум дека со нивна помош ќе успееме да им направиме голем исчекор кон пласманот во втората рунда во АБА2“, вели тренерот на „металците“, Васко Атанасов.

Влезот за натпреварот ќе биде слободен.

Работнички, пак, откако ги загуби двата воведни натпревари во АБА-2 лигата, денеска од 18 часот против Босна од Сараево би си ги вратил шансите повторно да е е во игра за првите две места на табелата. Противникот на екипата од „Градски парк“ има една победа и еден пораз досега.

Се вчитува...