Доминик Тим, кој може да се пофали со пет победи над Ѓоковиќ, стави крај на кариерата

Австриецот Доминик Тим и дефинитивно објави дека ја завршува својата професионална тениска кариера.

На само 31 година, откако испадна во првото коло на турнирот во Виена, по поразот со 6-7(6), 2-6 од Италијанецот Лучијано Дардери, Тим објави дека завршува со кариерата поради бројните повреди последниот период.

Последните години се мачеше со зглобот на десната рака поради што, се чини, предвреме ја завршува кариерата.

Зад своето име има вкупно 17 титули од кои една грандслем титула на УС Опен, а тој, како што вели, најмногу ќе ги памети петте победи против Новак Ѓоковиќ. Се пензионира како поранешен светски рекет број три.

Се вчитува...