Крајно неефикасно прво полувреме во осминафиналето од Купот на Македонија.
На осум натпревари во денешната осминафинална рунда, само Струга ТЛ има предност од 1-0 на дуелот против Македонија ЃП. Стружани поведоа со голот на Фламур Таири во 25. минута од средбата.
На дуелот на арената „Тодор Проески“, Вардар и Тиквеш играат без многу возбудувања и без голови, а слично е и на останатите терени.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО 0-0
Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ 0-0
Струмица: АП БРЕРА – БЕСА 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 0-0
Скопје: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 0-0
Гостивар: АРСИМИ – ВОСКА СПОРТ 0-0
Битола: ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Таири 25′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА