Тотенхем доби казна во висина од 26.000 долари поради недолично и провокативно однесување на неговите фудбалери за време на неделниот натпревар против Вест Хем во Премиерлигата.
Играчите на двата клуба учествуваа во инцидент кој изби кога стрелецот за Вест Хем, Мохамед Кудус загуби ладнокрвност на крајот од дуелот и го оттурна противничкиот дефанзивец Ван де Вен.
По инцидентот играчите на двата клуба се собраа околу Кудус кој најпрво доби жолт картон, а потоа по ВАР-интервенција доби и црвен картон. Тотенхем призна дека неговите фудбалери се однесувале недолично, а требало само да остават судиите да си ја завршат својата задача.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА