Второлигашот Детонит Плачковица приреди вистинско изненадување со пласманот во четвртфиналето во Купот на Македонија, елиминирајќи го Пелистер среде Битола.
Пенал-рулетот одлучуваше во Битола, низ кој Детонит Плачковица беше подобра со 1-4.
Во регуларниот дел, мечот заврши без предност (1-1) за било која од екипите. Масевски во 76. минута израмни за домашните откако претходно Лука Трајкоски во 10. минута донесе водство за Детонит, а потоа низ пенал-рулетот и огромна радост за радовишани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА