„МВР на Црна Гора ќе проверува дали кошаркарот Никола Вучевиќ се стекнал со американски пасош и со тоа го прекршил домашниот закон кој не дозволува двојно државјанство, а исходот од тие проверки може да биде дека репрезентативецот на Црна Гора повеќе нема да да биде државјанин на Црна Гора, пишуваат дел од медиумите од оваа земја.
Црногорскиот кошаркар неодамна стана американски државјанин, како што соопштија од Службите за државјанство и имиграција на САД.
„Радосната церемонија на натурализација стана уште поспецијална кога играчот на Чикаго Булс Никола Вучевиќ положи заклетва и стана нов американски државјанин. Добре дојдовте во американското семејство“, напишаа тие во објавата на социјалната мрежа Твитер.
Црногорските медиуми наведуваат дека од одделението МВР, во одговор на прашањето дали на Вучевиќ ќе му биде одземено државјанството, рекле дека против сите за кои ќе се утврди дека покрај црногорското имаат државјанство на друга држава, ќе покренат процес на нејзино губење по сила на закон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА