ЛЕ: Галатасарај во голеада подобар од Елфсборг, БОДО Глимт ја освои Брага

Фудбалерите на Галатасарај стигнаа до втората победа во новата сезона во Лигата на Европа, откако вечерва на домашен терен во голеада со седум погодоци славеа над шведскиот Елфсборг со 4-3.

По првото полувреме домаќините имаа предност од 3-0 со погодоците на Икарди, Јилмаз и автоголот на Петерсон. Гостите набрзина во вториот дел намалија на 3-2 со головите на Хулт во 53. и Баидо од пенал во 65. минута. Ново водство од два гола за домаќините донесе Акгун во 83. минтуа, додека конечните 4-3 ги постави Ларсон во 92. минута.

Galatasaray 4 – [3] Elfsborg – Johan Larsson 90+2'
byu/BoomBoomLinssen insoccer

 

Во вториот меч од денешната понуда во Лигата на Европа, БОДО Глимт славеше на гостувањето кај Брага со 1-2.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...