Форца поразена од Рига во Лигата на шампионите

Футсал шампионот на Македонија, Форца загуби во првиот меч од втората групна фаза во Лигата на шампионите. На турнирот кој се игра во Белград, македонскиот шампион загуби од летонскиот првак Рига со 5-1.

Летонците поведоа со 1-0 со голот на Сержињо во 16. минута. На 2-0 зголеми Страджинс во 23. минута. 3-0 беше во 29. минута со погодокот на Даниел Аиросо. Во истата минута Форца намали на 3-1 преку Берио.

До крајот Летонците со вториот гол на Страджинс и голот на Варгас ги постави конечните 5-1. Во второто коло Форца утре ќе игра против домаќинот на турнирот Бањица. За потсетување само првопласираната екипа продолжува понатаму во Лигата на шампионите.

Се вчитува...