НБА наскоро треба да започне истрага против Џоел Ембид околу неговата одлука да пропушта голем број натпревари. Филаделфија 76 неодамна објавија дека Ембид нема да биде подготвен за почетокот на новата сезона и дека ќе ја пропушти целата прва недела.
Американскиот кошаркар со камерунско потекло претходно изјави дека не планира цела сезона да игра за да биде што е можно поподготвен за плеј-офот. Тој истакна дека му е многу важно 100 отсто да влезе во плеј-офот, имајќи предвид дека никогаш не играл ниту во конференциско финале со својот тим.
Американските медиуми пишуваат дека НБА се сомнева дали на Ембид му било дозволено да го пропушти споменатиот период, бидејќи според правилата играчите не смеат да не играат доколку навистина не се повредени, со некои исклучоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА