Милвоки го доби дербито со Филаделфија, Феникс по продолженија ги совлада ЛА Клиперс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки бакс славеа на гостувањето кај Филаделфија 76 со 109-124 во дербито на источната конференција на стартот на сезоната на двата тима во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА.

Демијан Лилард со 30 и Јанис Адетокумбо со 25 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај Филаделфија во отсуство на Џоел Ембид Тајрис Макси со 25 поени беше најефикасен.

Во најинтересниот меч синоќа во Западната конференција, Феникс санс славеше на гостувањето кај ЛА Клиперс по продолженија со 113-116. Кевин Дурант со 25 и Бредли Бил со 24 поени беа најефикасни кај „сонцата“, додека кај поразените Џејмс Харден заврши со 29 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Индијана 109-115, Торонто – Кливленд 106-136, Мајами – Орландо 97-116, Атланта – Бруклин 120-116, Њу Орлеанс – Чикаго 123-111, Хјустон – Шарлот 105-110, Јута – Мемфис 124-126 и Портланд – Голден Стејт 104-139.

Се вчитува...