Фудбалерите на Динамо Загреб стигнаа до првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва на гостински терен во 3. коло славеа над австрискиот Ред Бул Салцбург со 0-2.
Во прв план на овој меч беше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој беше асистент на двата гола на „модрите“. Откако беше избран за играч на натпреварот тој изјави дека е горд на неговиот тим…
„Чувството е прекрасно, горд сум, голема ноќ за сите нас во Динамо. Засслужено победивме во една преубава атмосфера. Се она што го договаравме пред натпреварот го исполнивме, ги спречивме нивните контри, одигравме врвен натпревар. Оваа победа ќе ни донесе враќање на самодовербата по шокот на стартот во ЛШ“, изјави Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА