Соиграч на Елмас го продолжи договорот со Лајпциг

Францускиот фудбалер на Лајпциг, Кастело Лукеба, го продолжи договорот до јуни 2029 година, соопшти германскиот клуб.

Лукеба пристигна во Лајпциг во 2023 година од Лион. За германскиот клуб одигра 50 натпревари во сите натпреварувања.

Лукеба во 2023 година дебитираше за А репрезентацијата на Франција, а со селекцијата на „триколорите“ освои сребрен медал на овогодинешните Олимписки игри.

 

Се вчитува...