Капело со критики за Нојер: Некои голмани треба да имаат храброст и да се пензионираат

Фабио Капело го советува Мануел Нојер да размислува за пензионирање, после вчерашната партија против Барселона. Италијанскиот стручњак го критикуваше германскиот чувар на мрежата за формата.

38-годишниот Нојер беше во стартниот состав за Баерн на натпреварот со Барселона во Лигата на шампионите , во кој тимот од Минхен загуби со резултат 1:4.

„Некои голмани, кога ќе достигнат одредена возраст, треба да имаат храброст да се пензионираат“, изјави поранешниот тренер на Реал Мадрид и Милан.

Се вчитува...