Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, е дел од идеалниот тим во третото коло во Лигата на шампионите.
Десниот бек на Динамо Загреб, забележа две асистенции во победата на својот тим од 2-0 на гостувањето кај Салцбург, што беше прва победа за „модрите“ во Лигата на шампионите ова сезона.
Ристовски на крајот ја доби наградата и играч на натпреварот. Тој се најде во друштво со Рејндерс, Барела, Винисиус. Токму Винисиус беше прогласен за играч на колото.
That front line 🔥
Introducing your Team of the Week! 👇@cryptocom | #UCLTOTW pic.twitter.com/jytyXjvrq1
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) October 24, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА