Италијанскиот стратег, Роберто Манчини не е повеќе селектор на Саудиска Арабија.
Двете страни се одлучија на разделба откако Манчини во август 2023 година ја презеде оваа функција, изненадувајќи многумина во европскиот фудбал.
На вкупно 18 средби како тренер на Саудиска Арабија забележа само седум победи, учинок далеку од посакуваниот по што двете страни постигнале договор да ја завршат соработката.
Во секој случај, Манчини добро ќе ја наплати предвремената разделба со оглед на тоа што договорот му траеше до 2027 година.
— مجلس إدارة الاتحاد السعودي لكرة القدم ومدرب المنتخب الوطني “روبرتو مانشيني”، يتوصلون اليوم لاتفاق مشترك يتضمن انتهاء العلاقة التعاقدية 📝⬇ pic.twitter.com/tVfVCGpvVi
— المنتخب السعودي (@SaudiNT) October 24, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА