Ракометарите на Е. Пелистер го доживеаја и петтиот пораз сезонава во 6. коло од ЕХФ Лигата на шампионите, овој пат со 23-30 пред своите навивачи од унгарски Веспрем.
Од самиот почеток на мечот беше јасно дека Веспрем нема да дозволи никакво изненадување на дуелот, преземајќи ја контролата на играта и резултатот, па на полувреме гостите заминаа со предност од 12-17.
Слична беше приказната на паркетот и во второто полувреме, со тоа што унгарскиот тим единствено одржуваше предност за конечна победа.
Во составот на македонскиот шампион најефикасен беше репрезентативецот Филип Кузмановски со седум гола, а Словенецот Борзаш заврши со четири гола. Хосни постигна три гола, а Атанасијевиќ реализираше двапати. Најефикасен кај Веспрем беше Лука Циндриќ со осум гола, а по шест погодоци запишаа Французите Фабрегас и Дескат.
ПСЖ претходно триумфираше на гостувањето против Фуксе Берлин со 38-40, а во Групата Б, Колштад го победи ПИК Сегед со 27-29. Барселона славеше против Магебург со 32-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА