Веќе видено: Јокиќ со „трипл-дабл“ но соиграчите очајни, па Денвер загуби (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар во НБА лигата за минатата сезона, Никола Јокиќ новата ја отвори со „трипл-дабл“, но неговиот Денвер беше немоќен против Оклахома доживувајќи пораз од 102-87.

Јокиќ запиша 16 поени, 13 асистенции и 12 скока, а Оклахома до триумфот беше предводена од Шај Гилџус-Александер со 28 поени. Импресивен беше и Чет Холмгрен со 25 поени, дополнети и со 14 скока, пет асистенции и четири блокади.

Српскиот центар повторно немаше адекватна поддршка во својот тим. Џамал Мареј погоди само четири од 14 шута од игра, а Расел Вестбрук имаше повеќе од скромни два од 10. Денвер имаше очајна шутерска вечер со само седум погодени тројки од 39 обиди.

Се вчитува...