Манчестер Јунајтед и во третиот натпревар во Европа сезонава не успеа да дојде до победа, ремизирајќи (1-1) на гостувањето против Фенербахче во Истанбул.
Но, менаџерот Ерик тен Хаг смета дека овој бод и не е толку лош резултат, и покрај желбата на неговиот тим да дојде до трите бода.
„Разочаран сум што не победивме, но ако се знае дека имавме две тешки гостувања може да се каже дека и бодот секако не е лош. Кога сте во водство треба во секој случај да го однесете мечот кон победа, но не е секогаш според посакувањата“ – рече по дуелот Тен Хаг и дополни:
„Беше добар натпревар против силен тим со одлични навивачи каков што е Фенербахче. Мислам дека можевме да постигнеме повеќе голови, но да бидам искрен и тие имаа добри шанси. Ни создадоа многу проблеми“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА