Жозе Мурињо доби црвен картон во натпреварот помеѓу Фенербахче и Манчестер Јунајтед во Лига Европа откако реагираше жестоко по недосуден пенал за турскиот тим.
Португалскиот стратег на пресконференцијата за медиуми беше запрашан да ја прокоментира одлуката на судијата Клемент Турпан, а откако прво одби, потоа следеше одговор по настојување на медиумите.
„Судијата ми кажа нешто неверојатно. Ми кажа дека истовремено можел да ја види ситуацијата во казнениот простор и моето однесување покрај линијата. Му честитам бидејќи тоа е апсолутно неверојатно.
Во тек на натпревар кој се одвива 100 на час, имал едно око на ситуацијата, а друга на клупата и моето однесување. Тоа е неверојатно објаснување, затоа е еден од најдобрите на севтот“, саркастично одговори Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА