Меси во Интер Мајами заработува повеќе од сите фудбалери во 22 тимови во МЛС

Лионел Меси во Интер Мајами заработува повеќе од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28 тимови кои се натпреваруваат во елитното фудбласко натпреварување во Соединетите американски држави.

Аргентинецот заработува 20.4 милиони долари за една сезона што воедно е и речиси половина од буџетот на неговиот клуб (41.7 милиони евра). Интер Мајами е воедно и клубот кој троши најмногу на плати, а зад него следат Торонто со буџет од 31.8 милиони долари и двата клуба од Лос Анџелес, Галакси кој издвојува 22.1 милион долари и ЛАФЦ со буџет од 22 милиони долари.

Од целото првенство само сите фудбалери на Нешфил (21.9 милиони долари), Синсинати (21 милион долари) и Хјустон (20.5 милиони долари) заработуваат повеќе од аргентинскиот ас, објави синдикатот на фудбалери.

Се вчитува...