Месина: Мора да му помогнеме на Нено, но и да си помогне сам

Ненад Димитријевиќ како и Олимпија Милано одиграа лош натпревар против Анадолу Ефес па претрпеа домашен пораз во 5. коло од Евролигата со 84-96.

Македонскиот репрезентативец помина 13 минути на паркетот без постигнат поен со многу проблеми на двата дела од теренот па беше тема на разговор за тренерот Еторе Месина.

„Се мачи и во нападот и во одбраната. Има голем проблем бидејќи влијанието на ова ниво е тешко за него. Нашата задача, моја и на тимот е да му помогнеме. Негово е да не бара изговори и да се труди да оди во вистинскиот правец секој ден.

Станува збор за физикалност и компетентност на двете страни од теренот. Во Евролигата мислам дека шутна само четири слободни фралња во пет натпревари. Во италијанското првенство е различно. Мора да му помогнеме, но мора да си помогне и самиот себе“, изјави Месина.

Се вчитува...