Анчелоти за формата на Белингем: Неговите голови не ни се важни

Англискиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Џуд Белингем, оваа година не игра како минатата. На првите 10 меча, Англичанецот нема постигнато гол, но тоа не го загрижува Карло Анчелоти.

Тренерот на Кралевите е убеден дека формата на Џуд ќе оди во нагорна линија, и покрај тоа што се очекуваше повеќе од него на стартот на сезоанта.

„Без паника, тој е многу добар, и секој ден е се подобар. Во добра кондиција, но неговите голови не ни се потребни. Неговите квалитети се поинакву, и тој е многу важен играч за нас“, рече Анчелоти.

Се вчитува...