Сезоната 2024/25 за вториот пик на НБА драфтот во 2020 година, Џејмс Вајсмен заврши по само четири минути игра. Центарот на Индијана се пожали на повреда во првата четвртина од средбата со Детроит на отварањето на сезоната.
Деталните прегледи ја донесоа најлошата можна прогноза за 23-годишникот. Повреда на ахиловата пета на левата нога, повреда која бара операција и долга рехабилитација.
Вајсмен кој во 2022 година го освои шампионскиот прстен со Голден Стејт, ова лето потпиша двогодишен договор со Индјана и се очекуваше да биде еден од клучните кошаркари во рекетот на Пејсерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА