„Бомба“: Саудиска Арабија нема да штеди пари да го доведе Зидан за селектор

Зинедин Зидан е без работа три години откако си замина од клупата на Реал Мадрид, а според последните гласини се дека Саудиска Арабија сериозно размислува да го назначи Французинот за нов селектор. 

И додека преземањето на Франција изгледа како тешка мисија, Зизу би можел да се сврти кон друга репрезентација, а станува збор за селекцијата на Саудиска Арабија, пишуваат француските медиуми.

Саудиска Арабија го отпушти Роберто Манчини и бара врвен тренер, а првата опција наводно е Зидан.

Новинарот на францускиот канал Европа 1, Жак Вендро е на мислење дека Зидан има целосно право да ја преземе Саудиска Арабија поради неколку причини.

Во Саудиска Арабија Манчини беше најплатен тренер во светот, а тој и неговите соработници добија од 15 до 20 милиони евра за раскин на договорот.

Се вчитува...